Connect with us

Фудбал

Казната на Мората е намалена

ФИГЦ (Италијанска фудбалска федерација) ја намали казната на Алваро Мората на еден натпревар, што значи дека ќе биде подготвен да игра против Џенова во недела

Напаѓачот на „белите“ доби црвен картон на крајот од мечот против Беневенто и беше суспендиран на два натпревари од страна на Дисциплинската комисија.

Јувентус ја обжали одлуката за два натпревари и сега победи и казната важи за еден натпревар. Сега Шпанецот може да настапи на неделниот натпревар против Џенова.

„Делумно жалбата на Јувентус беше прифатена, веднаш, намалувајќи го на еден натпревар казната во коло што се играше, како и парична казна од 8000 евра“, се вели во коминикето на ФИГЦ.