Connect with us

Фудбал

Казните изречени за хаосот со Фенербахче, а Трабзонспор порача: Е***е правдата!

Фудбалскиот сојуз на Турција денеска жестоко го казни Трабзонспор поради нередот на натпреварот против Фенербахче, кога фудбалерите на клубот од Истанбул беа нападнати од домашните навивачи. Здружението одлучи Трабзон да биде казнет со 90.000 евра и забрана за шест натпревари од присуство на навивачи на домашните натпревари на клубот, а тоа наиде на невидена реакција од Трабзонспор.

Имено, Трабзонспор се огласи на Твитер и испрати порака во која има пцовка.

„Ебате правдата. Отстапете од вашите позиции, поднесете оставки“, рекоа кратко од Трабзон.