Фудбал
Ќе биде бурно лето за Роналдо, заминува од Јунајтед, се спомнува Баерн Минхен?!
Се погласни се шпекулациите дека Кристијано Роналдо во летниот преоден рок ќе замине од Манчестер Јунајтед. Португалецот не е среќен во Англија, Јунајтед во моментов нема состав кој ќе се бори за титули, а токму тоа го сака Роналдо.
Наводно веќе му рекол на менаџерот Мендеш да бара нов клуб. Како прва опција се спомнува ПСЖ. Уште кога Меси го засили францускиот првак се спомнуваше дека конечно може да се обединат најдобрите двајца на денешницата. Сепак, Дејли Мејл големи шанси дава и на Баерн Минхен. Германскиот тим секогаш имал супер состав, секогаш е во трка за пехари, како дома, така и на европската сцена, па поради тоа го прави примамлив за Роналдо. Се спомнува и Рома, каде тренер е Жозе Мурињо, но сепак римскиот тим има најмалку шанси.
