Connect with us

Фудбал

Ќе го доживееме ли и тоа, Македонец да го облече дресот на Манчестер Јунајтед?! (ФОТО)

Бојан Миовски игра одлична полусезона во Шкотска во дресот на Абердин. На 27 меча во сите конкуренции, Македонецот постигна 14 голови. Тоа секако не остана незабележано, па интерес за него пројавуваат Селтик од Шкотска, Ремс од Франција, Лацио и Болоња од Италија. Но, најголемата „бомба“ е од Англија. Наводно Манчестер Јунајтед се интересира за Бојан Миовски.

Како што пренесува „Дејли Рекорд“, Јунајтед ќе се обиде да го ангажира Миовски доколку Марсиал замине од „Олд Трафорд“. Секако дека судејќи според ова Миовски, не би бил во прв план, туку како поддршка од клупата, секако доколку не се наметне. Иако е тешко за верување, сепак не е невозножно и со право можеме да се надеваме или да сонуваме Македонец да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Вреди да се напомене дека раководството и стручниот штаб на Абердин се презадоволни од Миовски, па тешко е да се поверува дека ќе го продадат на полусезона во јануари, освен ако не пристигне милионска понуда, со две цифри напред, односно повеќе од 10.000.000 евра. Абердин го плати на унгарски МТК 5,2 милиони евра, а според „трансфермаркт“ неговата моментална вредност на пазарот е околу 16 милиони евра.