Connect with us

Тајмаут

Ќе ја „запали“ Премиер лигата: Англија полуде по сопругата на Србинот кој пристигна во Челзи (ФОТО)

Медиумот „Сан“ не можеше да одолее на шармот на Џина Петровиќ, која во 2021 година ја освои титулата „Mis Earth Serbia“. Како што истакнуваат, Џина избрала да биде со својот сопруг Ѓорѓе, а своето „да“ го кажала непосредно пред овoj талентиран голман да се пресели во Соединетите Американски Држави минатата пролет. Двојката се венча на почетокот на оваа година, а Ѓорѓе реши да ја одбележи 2023 година со преселба во Челзи за 16 милиони евра. Со овој трансфер тој стана најскапиот српски голман во историјата, надминувајќи го досегашниот рекорд кој го држеше Предраг Рајковиќ кој за пет милиони евра се пресели во Мајорка.