Connect with us

Други спортови

Ќе ми биде чест Конор Мекгрегор да ми ја откине главата!

Јутуберот Логан Пол (23) е интернет-ѕвезда која има милиони обожаватели низ светот и неодамна имаше боксерски натпревар со својот колега од познатата интернет-мрежа, КСИ, кој звршил без победник. Дуелот на „јутјуб“ го гледале милиони луѓе, па двајцата заработиле многу пари и сега Логан покажа интерес да влезе во кафезот со УФЦ шампионатот.

УФЦ е познат по врвните борби на вистински ѕверови, а последната епска борба беше вистинско лудило  Хабиб Нурмагомедов против Конор Мекгрегор. Заврши со победа на Дагестанецот, ама и со хаос околу октагонот.

  • Мислам дека луѓето сакаат да ме видат во УФЦ. Ако првиот човек Ден Вајт ја извлече главата од својот задник и ако сака да заработи пари, јас ќе влезам во УФЦ, вели Логан.

Иако е аматер, а во октагонот треба да се бори против вистински борци, јутјуберот нема страв.

  • Јас сум сериозен до крај. Ако добијам шанса, ќе тренирам колку што е потребно. Ако ми дадат шанса, тоа ќе биде мојот живот во следните шест до осум месеци, или колку ќе биде потребно за да се подготвам. Јас не сум професионален борец и нема да се правам дека можам да застанам во рингот со некој кој може да ми ја „скине“ главата, ама би се борел против Мекгрегор. Всушност, ќе ми биде чест, ако Конор ми ја „скине“ главата“, додава Логан.