Connect with us

Кошарка

Ќе мора да ги смирува навивачите во Белград, еве што изјави тренерот на Партизан по општата тепачка во Мадрид (ВИДЕО)

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ по општата тепачка во Мадрид изјави дека се надева дека во Белград на примерен начин кошаркарите на Реал Мадрид ќе бидар дочекани. Порача дека навивачите мора да сфатат дека сето ова е дел од кошарката и дека играчите зборувале по мечот и се согласиле дека треба да остане на ова.

-Треба да почнеме со тоа како започнало, кој го започнал. После тоа, реакцијата. Видовте се што се случи. Правилата на играта велат дека секој играч кој ќе ја помине линијата на теренот веднаш е суспендиран и излегува надвор. Тоа беше очигледно. Судиите донесоа одлука, прекинаа… Што би сакал? Од овој момент нашите навивачи кои ќе ја полнат Арената разбираат дека ова е дел од спортот, дека се случило, дека играчите разговарале по натпреварот и дека треба да заврши тука“, рече Обрадовиќ.

Следниот, трет меч во серијата се игра во втоеник во Белград. Партизан води со 2:0.

Нестварни сцени во Мадрид, општа тепачка на кошаркарите на Реал и Партизан (ВИДЕО)