Connect with us

Фудбал

Ќе се повтори ли Ливерпул? Прв пат по 11 години „Кралевите“ се „поклонија“ на англиска екипа на „Сантијаго Бернабеу“

Манчестер Сити за само пет минути со головите на Жезус и Де Брујн стигна до победа од 2:1 на пресметката со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Претходно „Кралевите“ поведоа со 1:0 со голот на Иско.

Ова е прв пораз на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ од англиски тим во европските купови. Последен пат „Кралевите“ на домашен терен му се „поклониле“ на Ливерпул во 2008/2009-та исто така во осминафиналето кога англискиот претставник славеше со 1:0.

На реваншот потоа Ливерпул славеше со 4:0 и Реал беше елиминиран. Дали ќе ја доживеа истата судбина оваа сезона останува да се види.