Connect with us

Тајмаут

Ќе се вика Синиша Михајловиќ, името на славниот фудбалер ќе живее преку неговиот внук

Вирџинија Михајловиќ, ќерката на починатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, повторно е бремена. Прекрасната вест на Инстаграм ја сподели вдовицата на Миха, Аријана, која со тоа потврди дека повторно ќе стане баба, а она што особено ги воодушеви следбениците е името што го избраа за детето!

Момчето што наскоро ќе се роди ќе го носи името на неговиот дедо, односно ќе се вика Синиша Леоне (Лав) Михајловиќ. Заедно со слаткото видео од нејзината ќерка Вирџинија, Аријана објави и многу трогателна фотографија со Синиша и нејзиното прво внуче. „По втор пат баби и дедовци. Каде и да си, засекогаш горда“, напиша вдовицата на Миха, која речиси секој ден на Инстаграм покажува колку и недостига нејзиниот партнер со децении.