Connect with us

Фудбал

„Ќе ти пукам во главата“ Лукаку се заканил на Ибрахимовиќ, овој чекал во соблекувалната да се извини

Published

on

Иако поминаа неколку часа од дуелот помеѓу Интер и Милан, сепак страстите не се смируваат. И денеска тема број еден во италијанските медиуми е вербалната пресметка помеѓу Лукаку и Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на Интер се изнервирал кога Ибра му рекол „Оди кај твоите вуду срања“, по што жестоко возвратил со пцовки. Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Лукаку на патот кон соблекувалната, сакал да се пресмета со Ибра, па дури извикал „Сакаш да зборуваш за мојата мајка кучкин сине. Ќе ти пукам во главата“.

Оваа вербална пресметка со оглед на тоа дека се случи на теренот и предизвика тензии можно е да има и последици после мечот, бидејќи ваквите навреди не се дозволени и достојни за италијанскиот фудбал.

Како и да е поради ова двајцата добија жолти картони, а во вториот дел во 58-та минута Ибрахимовиќ доби втор жолт картон и исклучување поради груб старт врз Коларов. Сепак, Ибра додека не завршил мечот седел во соблекувалната и ги чекал своите соиграчи. Како што пренесуваат италијанските медиуми тој им се извинил на своите соиграчи за исклучувањето и сето она што го сторил, поради што ги оставил на цедило,а  потоа како што е познато Интер преку пресврт дојде до победата.

Advertisement

Facebook