Поврзи се со нас

Фудбал

Кејн го постигна 150-от погодок во Премиер лигата, има 15 поени на осум настапи во лигата оваа сезона

Лондон, 8 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн продолжува да покажува ефективни перформанси. Англичанецот ја погоди целта на денешниот натпревар со Вест Бромвич (1:0) во рамките на 8. коло од англискиот шампионат.

Кејн го постигна 150-от погодок во Премиер лигата. Му беа потребни 218 натпревари за да го постигне ова. Само Алан Ширер (212) и Серхио Агуеро (217) го сториле ова претходно.

Покрај тоа, Кејн има 15 поени (7 гола, 8 асистенции) на осум натпревари во Премиер лигата оваа сезона. зс/

loading...

Facebook