Connect with us

Фудбал

Кејн го постигна 200. гол за Тотенхем

Разград, 5 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна јубилеен гол на вечерашниот натпревар од Лига Европа против Лудогорец. Овој натпревар беше 300-ти за Кејн во дресот на „Спарс“, а погодокот 200-ти.

Дваесет и седумгодишниот Кејн за првиот тим на Тотенхем игра од 2011 година.

Лондонскиот тим победи против бугарскиот претставник со 3:1.

По три кола Тотенхем има две победи и еден пораз во Ј-групата од Лига Европа. зс/