Фудбал
Кејн го престигна Агуеро и ја испиша историјата на Тотенхем и ПЛ
Како и обично – Хари Кејн! Фудбалерите на Тотенхем го победија Вулверхемптон со 1:0 во првиот натпревар од третото коло на Премиер лигата, најдобриот стрелец на лондонските петли го постигна единствениот гол.
Се играше во 64. минута кога Корејецот Сон изведе корнер, топката од првата статива ја пренесе хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, а Хари Кејн со непречен удар со глава го постигна 185. премиерлигашки гол!
Англискиот стрелец на тој начин го собори рекордот на Аргентинецот Серхио Агуеро (184) и стана играчот со најмногу постигнати голови за еден клуб во историјата на Премиер лигата. Исто така, тоа е негов 250 гол за Тотенхем.
Harry Kane has broken Sergio Agüero’s record for most Premier League goals scored for a single club in the competition’s history:
◎ 284 games
◉ 185 goalsOne of their own. ❤️ pic.twitter.com/Y8HM7zAvZG
— Squawka (@Squawka) August 20, 2022
Тимот на Антонио Конте одигра многу подобро во вториот дел и стигна до втората победа сезонава. Претходно Кејн и Сон ја погодија рамката од голот на гостите и ја најавија победата на домашните.
Популарните Волци загубија, но оставија добар впечаток. Особено во првото полувреме кога целосно ја осуети играта на Тотенхем. Португалецот Рубен Невес ја спроведе својата игра, а англиската публика за прв пат имаше можност да го види неговиот сонародник Матеус Нуњез, скапо засилување од Спортинг Лисабон.
Исто така, Португалецот Гонзало Гуедес, засилување од Валенсија, првпат беше стартер и трет за Волвс, откако дебитираше во претходното коло против Фулам (влезе во игра во второто полувреме).
Во следното коло, Тотенхем му гостува на повратникот во елитното друштво Нотингем Форест, додека Волвс го пречекуваат тимот на Њукасл. Пред тоа играат натпревар од Лига купот против второлигашот Престон.