Фудбал
Кејн: Горд сум на селекцијата, ќе уживаме во неделното финале
Капитенот Хари Кејн, ги искажа своите очекувања за финалето против Италија веднаш откако синоќа беше избран за МВП на полуфиналниот дуел со Данска.
„Финалето ќе биде неверојатен настан. Горд сум што ќе го предводам тимот до историското финале. Како што се приближува натпреварот, напнатоста и нервозата ќе се зголемуваат.
Англија ќе игра во финалето на Европското првенство против Италија в недела (11 јули) на стадионот „Вембли“ во Лондон.