Фудбал
Кејн: Не е ден да зборувам за Реал Мадрид
Напаѓачот на Тотенхем Хери Кејн направи две асистенции во победата на Англија против Шпанија (3:2). Англискиот напаѓач оваа сезона постигна пет голови за Тотенхем и наводно се уште е главна мета на Реал Мадрид. Меѓутоа тој одби да зборува за овие гласини.
„Жал ми е, не е вистински ден да разговараме за Реал Мадрид“ рече Кејн на прашањето на новинарот. На Реал му недостасува „ударна игла“ оваа сезона и Кејн се смета за решение на повеќето проблеми во тимот, иако тоа не би било евтино за Реал да склопи договор со ценетиот напаѓач.
На Тотенхем дефинитивно не му се потребни финансиски средства, а покрај то не е јасно како Кејн ќе се прилагоди на играта во Ла Лига.
Истоа така, изгледа како да е посветен и прилично е јасно дека не сака да го напушти Лондон, така да Реал Мадрид можеби треба некаде на друго место да бара врвен напаѓач.