Фудбал
Кек: Македонија ми е симпатија ѝ посакувам успех на ЕП, а утре добар натпревар!
Селекторот на Словенија која е наша пријателска земја и наш утрешен противник на пријателски натпревар Матјаж Кек вели дека Македонија му е симпатија на Европското првенство, а во однос на утрешниот натпревар вели дека очекува добар натпревар.
„Патот кој го помина Македонија до ЕП мене ми е многу драг, а тоа е доказ дека и мала земја може да има фудбалска бајка. Македнија е моја симпатија, знам многу играчи и тоа е селекција на која мора да се внимава. Секој што ќе ја потцени Македонија – скапо ќе плати. Како што Германија скапо плати пред неколку месеци. Честитки за Македонија за настапот на ЕП“, рече Кек.
Иличиќ посочи дека ќе навива за Македонија, зашто нашата селекција игра модерен фудбал.
„Овој меч со Македонија за нас е голем мотив. Ова е селекција која игра модерно и многу добро и искрено, јас ќе навивам за Македонија на Европското првенство“, вели фудбалерот.
Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се одигра утре со почеток од 18:00 часот.