Фудбал
Кен останува во Евертон без оглед на ужасната сезона
Италијанскиот фудбалер Моизе Кен ќе остане во Евертон следната сезона, пренесува „Ливерпул ехо“.
Младиот 20-годишен напаѓач пристигна во редовите на Евертон минатото лето од Јувентус за 27 милиони евра, но досега игра катастрофална сезона.
На 26 натпревари тој постигна само еден гол и две асистенции, и се зборуваше дека тој експресно ќе врати во Серија А на позајмица.
Сепак, изворот тврди дека нема да биде ништо од тоа затоа што тренерот Карло Анчелоти ќе му даде уште една шанса на Кен и верува дека ќе игра многу подобро следната сезона.
Инаку, Кен на позајмица сакаа да го донесат Рома, Сампдорија и Болоња, но изгледа дека ништо нема да биде од тоа.