Тајмаут
Kепа стигна во Мадрид, а со него и сопругата која остава без здив-Поранешна мис на Шпанија, екс кошаркарка (ФОТО)
Реал Мадрид потпиша договор со шпанскиот голман Кепа Аризабалага, кој го донесе на едногодишна позајмица од Челзи. По повредата на Тибо Куртоа, стандардниот голман на „кралскиот клуб“, кој ги скина предните вкрстени лигаменти, изборот падна на Капа Аризабалага (28), за кого Челзи пред неколку години му плати на Атлетик Билбао 80 милиони евра. Така стана најплатениот голман досега.
Во Мадрид беше претставен Кепа Аризабалага, а претседателот на клубот Флорентино Перез очекува многу од него. Заедно со насмеаниот Баскиец, во главниот град на Шпанија пристигна и неговата сопруга Андреа Мартинез.
Убавата Андреа е поранешна мис на Шпанија и поранешна кошаркарка и манекенка. Таа ја освои титулата најубава девојка во Шпанија во 2020 година.
Андреа Мартинез и Кепа Аризабалага првпат беа забележани заедно на почетокот на 2022 година. Двојката беше во врска седум месеци пред Шпанецот да ја запроси девојката.
На крајот на јуни Андреа и Кепа се венчаа. Тие направија црковна и општинска венчавка на која присуствуваа голем број гости.
