Connect with us

Фудбал

Керик: Сер Алекс не сакаше да оди во пензија, но мараше

Сер Алакс Фергусон ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед 2013. година.

После 26 години на клупата на Црвените ѓаволи, Фергусон замина, а потоа почнаа проблемите за великан кој во неговото време доминираше англискиот во фудбал.

Некогашниот фудбалер на Јунајтед Мајкл Керик открива дека Сер Алекс не сакаше да замине, но едноставно мораше.

„Го паметам секој детал. Шефот одржа навистина емотивен говор. Кажа: Видете момци, не сакав тоа да го направам на ваков начин, сакав прво да ви кажам и разочаран сум од тоа како испадна. Приморан сум да ви кажам на ваков начин затоа што се се’ дозна синоќа. Некој дознал се“, ги пренесе Карик зборовите на Сер Алекс, па додаде:

„Чувствувам дека морам да бидам со сопругата. Со вас уживав секоја минута. Не сакав да заминам, но морав да ја донесам таа одлука“, беа зборовите на Сер Алекс кои ги кажа на збогувањето од Јунајтед, а кои јавноста ги дозна од Керик.

Фергусон за 26 години освои 38 трофеи, а после наго, на клупата на Јунајтед седнаа Дејвид Мојс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо.