Фудбал
Ќерката на Роман Абрамович изненади многумина со објавата за руската агресија врз Украина (ФОТО)
Софија Абрамович, ќерката на сопственикот на Челзи и рускиот тајкун Роман Абрамович, изненади на Инстаграм со објава поврзана со руската инвазија на Украина. Нејзиниот татко и претседател на клубот од Лондон ќе добие забрана за живеење во Велика Британија, бидејќи тој се смета за еден од 35-те олигарси кои ја поддржуваат Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, кои наредиле инвазија на Украина вчераутро.
Но, тоа не ја спречи Софија да излезе со став и јасно и гласно да каже дека е против Путин. Таа во својата објава јасно стави до знаење дека е против него и дека Русија не го поддржува она што го прави Путин и тоа што го прават руските политичари.
