Connect with us

Тајмаут

Ќерката на Шумахер се мажи, објави и емотивна фотографија на роденденот на нејзиниот татко

На 3.јануари пред 55 години е роден легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, а на неговиот роденден неговата ќерка Џина објави дека оваа година ќе се омажи за својата долгогодишна љубов Иан Бетке. Венчавката ќе се одржи во текот на летото и нема сомнеж дека оваа вест е најубавото нешто што семејството Шумахер можело да го слушне неодамна. Џина и Иан се запознале преку заедничка страст за јавање коњи и биле во врска повеќе од шест години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)

Тие се верија летото 2023 година, а за половина година љубовта ќе ја крунисаат со брак по венчавката која ќе се одржи на Мајорка на приватниот имот на Шумахер. Самиот Мајкл за време на неговото лекување престојувал одредено време во куќа на Мајорка, која вреди 30 милиони евра и има платформа за хеликоптери, главната куќа и неколку помошни згради.

Веста за венчавката дојде на 55-тиот роденден на Шумахер, а Џина не ја пропушти шансата да му честита на својот татко со емотивна фотографија од неа, нејзиниот брат Мик и Михаел кога биле мали. „Среќен роденден тато! Потсетување на една од нашите многубројни авантури“, напишала Џина на фотографијата.