Поврзи се со нас

Фудбал

Кин: На Сити ќе му биде тешко да ја освои Премиер лигата

Лондон, 10 ноември 2020 (МИА) – Поранешниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Рој Кин ги процени шансите на Манчестер сити за освојување на Премиер лигата.

  • Мислам дека на Сити ќе му биде исклучително тежок да ја освои Премиер лигата оваа сезона. Од нив се очекува да се борат за сите трофеи, но ако го погледнете составот, тие имаат само двајца напаѓачи. Во исто време, Агуеро има 32 години, има проблеми, па Сити, всушност, може да смета само на еден напаѓач [Жезус]. Тие самите мора да се запрашаат зошто не го засилија нападот во текот на летото. За да се квалификувате за титули, треба да имате длабока моќ, изјави Кин.

Секогаш е пријатно да се гледа Сити како игра, тие доминираат во повеќето натпревари, но тие не создаваат често шанси за гол и реализираат малку. Ова е проблем. Кога Агуеро ја санираше последната повреда и се врати на теренот, се чинеше дека има малку прекумерна тежина. Само сакам да прашам: „Дали тој сè уште има желба да игра?“ Значи, не може да се потпреш само на Жезус, додаде Кин.

По седум натпревари „граѓаните“ се на 10. место на табелата со 12 од можни 21 бод. зс/

loading...

Facebook