Кошарка
Кинескиот „ЦЦТВ“ ќе продолжи со емитувањето на НБА натпревари
Пекинг, 9 октомври 2020 (МИА) – Кинеската државна телевизија повторно ќе емитува средби од НБА лигата почнувајќи со петтиот меч од финална серија средба меѓу Лејкерс и Мајами, соопшти инсајдерот Шамс Харанија.
Во октомври минатата година, „ЦЦТВ“ ја суспендираше НБА-лигата поради конфликт меѓу Кина и лигата заради ставот на генералниот директор на Хјустон, Дарил Мореј во врска со протестите во Хонг Конг.
Мореј објави твит во кој изразува поддршка за жителите на Хонг Конг кои излегоа на антикинеските протести. Кинеската страна се налути на генералниот директор на Рокетс и ја прекина соработката со НБА.
Претходно, комесарот во НБА, Адам Силвер изјави дека долгорочната финансиска штета од нарушениот однос со Кина нема да надмине 400 милиони долари.
Петтото финале во НБА плејофот меѓу Лејкерс и Мајами (3-1) ќе се одржи вечер во 3 часот по полноќ. зс/