Connect with us

Други спортови

Кипчоге и Ибарген се најдобри атлетичари во 2018 година

Кенијскиот маратонец Елијуд Кипчоге и колумбијската атлетичарка во троскоко, Катерина Ибарген, се прогласени за најдобри атлетичари во 2018 година, во изборот на Меѓународаната атлерка федерација (ИААФ).

Кипчоге го потврди статусот на најдобар светски маратонец со победите во Лондон и Берлин. Во април на маратонот во Лондон славеше убедливо со резултат од 2:04.17 часа, а потоа во септември триумфираше на берлинскиот маратон со нов светски рекорд од 2:01.39. За 78 секунди тој го собори претхорниот рекорд, што е најдобар резултатски напредок кога во прашање се светските рекорди од 1967 година.

Од друга страна, пак, олимписката шампионка во троскок, Колумбијката Катерина Ибарген, победи на сите осум натпреварувања во троскок на кои учествуваше годинава, а воедно го забележа и најдобриот резултат во сезоната од 14.94 метри. Освен во трискок, беше успешна и во скок во далечина, каде постави државен рекорд на Колумбија со скок од 6.93 метри.

Титулата за „Ѕвезди во подем” и припаднаа на шведската скокачка со стап – Аманда Дуплантиса и на американскиот спринтер на 400 метри со пречки, Сиднеј Меклаулин.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com