Connect with us

Други спортови

Кипроп тврди дека има грешка во неговиот примерок за допинг

Кенискиот атлетичар Асбел Кипроп е уверен дека станува збор за грешка во неговиот примерок, врз основа на кој беше обвинет дека користел допинг.

Тој не помина на допинг тестот за забранетата супстанција ЕПО, меѓутоа негира дека користел каква и да е недозволена супстанција.

Кирпор наведе дека анти-допинг контролорите му побарале пари, како и дека нешто се случило со неговиот примерок откако тој ја напуштил собата.

– Ми беше чудно што ми побараа да ми платат, а при тоа не ми рекоа колку им е потребно. Им верував, мислев дека им требаат пари за гориво или чај. Во ниту еден момент не помислив дека сум во непријатна ситуација, изјави кенискиот атлетичар.

Тој истакна контролорите биле оставени сами со примерокот, бидејќи заминал во друга просторија за да го земе телефонот со цел да им префрли одредена сума на пари по електронски пат.

– Никогаш не сум прекршил ниту едно допинг правило, ниту пак сум се обидел да избегнам било каква обврска. Никогаш не сум се сомневал во себе. Во тие две минути колку што ги оставив сам, нешто се случи, потенцира атлетичарот.

Олимпискиот шампион од Пекинг во 2008 година и трикратен светски шампион на 1.500 метри, е тестиран надвор од натпреварувањата во 2017 година и во неговиот организам била откриена супстанцата ЕПО (еритропоиетин).