Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров направи „рез“ во списокот на ракометари за дуелите со Финска и Швајцарија

Published

on

Селекторот на машката македонска ракометна репрезентација Кире Лазаров го скрати списокот и ги одреди ракометарите на кои ќе смета во ЕХФ-неделата.

Лазаров нема да смета на услугите на 11 ракометари од списокот со вкупно 35 играчи, а на листата за резерви се најдоа Цветан Кузманоски, Дејан Кукуловски и Павле Атанасијевиќ.

Во репрезентацијата се враќа Бојан Маџовски, а за овие дуели нема место во селекцијата за Димитар Димитриоски и Горан Крстевски.

Собирот на репрезентацијата е закажан за в понеделник во хотел „Русија“, по што селекцијата ќе отпатува за Финска, за дуелот кој е предвиден на 28. април, во 17 часот.

Потоа  репрезентативците ќе се вратат во Скопје, за да ги финишираат квалификациите против Швајцарија, на 2. мај, во СЦ „Јане Сандански“.

Македонија во групата за пласман на ЕП 2022 има 6 бода по четири одиграни кола, исто колку и првопласираната во нашата група, селекцијата на Данска.

 

Facebook