Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров откако стана рекордер во Лигата на шампионите: Сакам високи цели и големи предизвици

Македонскиотнајдобар ракометар Кире Лазаров, а од неодамна и селектор-играч на Македонија, во фантастична игра со неговиот Нант успеаја да го елиминираат фаворитот Кјелце и да се пласираат во четвртфиналето на ЛШ.

Кире Лазаров на овој меч постигна четири голови и пет асистенции. Но, за него ова беше 250-ти меч во ЛШ, со што стана рекордер. По ова за француските медиуми  тој изјави.

-– Испишавме историја, иако никој не очекуваше такво нешто од нас. Ние заслуживме да победиме против полскиот тим, изјави Лазаров.

За рекордите кои ги постигнува Лазаров вели дека секогаш пред себе си поставува голема цел и предизвик.

– Секогаш имам високи цели и ги сакам големите предизвици. Рекордите се резултат на напорната работа и можам да кажам дека сите успеси кои ги постигнав во кариерата се заслужено остварени, вели Лазаров.