Connect with us

Други спортови

Киргиос без милост кон Ѓоковиќ: „Тој е обичен к*р“

Published

on

Полека се приближува првиот Грен слем во сезоната, што ќе се одржи во Австралија од 8 до 21 февруари.

Организаторите на Австралија опен, како и сите други, имаат големи проблеми со организацијата на самиот турнир.

Најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија одамна, а веднаш по пристигнувањето сите беа ставени во двонеделен карантин без можност за тренинг.

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, беше меѓу првите што се пожалија на условите во кои се најдоа играчите.

Неговите барања не беа разбрани од организаторите, а тој доби и брутален одговор од Ник Киргиос, контроверзен Австралиец, кој сепак е попознат по своето однесување отколку по талентот што несомнено го поседува.

„Тој е обичен к*р“, рече Киргиос.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, реагираше многу покултурно на барањето на Ѓоковиќ:

„Нема да има посебен третман за никого, бидејќи вирусот не третира некој посебен, па ниту ние“, рече Ендрус.

Advertisement

Facebook