Connect with us

Фудбал

Кјелини конечно ја одгатна дилемата, пред клучниот пенал рулет во полуфиналето

Капитенот на Италија изрежира урнебесна сцена со Жорди Алба кој беше максимално сериозен и дури  и со чудење ги проследи потезите на Кјелини, кој по фрлената паричка, го нарече „лажливец“ левиот бек на Шпанија.

„Ова за нас е остварување на сонот. На почетокот мислевме дека Манчини е луд кога ни кажа дека треба да размислуваме за освојување на ЕП. Сега сантиметри не делат од тоа“, оптимистично најавува Кјелини.

Стоперот на Јувентус беше и погрешно разбран од дел од шпанската јавност и неговите потези беа сфатени и како одредена доза на провокација и дополнителен притисок пред пенал рулетот, нешто што сега Џорџо го објасни со свои зборови.

Се кажаа многу работи за моментот со Жорди Алба, многу повеќе од што всушност се случи во реалноста. Требаше да одлучиме на која страна ќе се изведуваат пеналите, а судијата кажа црвено и сино за другата страна. Кога падна црвено, Жорди мислеше дека тоа е неговата страна, но во принцип никој не избра страна од нас. На шега му реков дека не беше во правоо и немаше ништо повеќе.

Во вторникот, Италија ја победи Шпанија (1: 1, 4: 2) во полуфинален натпревар на Европското првенство со подобро изведување на пенали и се пласираше во финалето на натпреварувањето во кое ќе игра против Англија.