Connect with us

Фудбал

Обложувалниците веќе го отпишаа Лопетеги

Јулен Лопетеги на ден пред почетокот на светското првенство во фудбал доби отказ од местото селектор на репрезентацијата на Шпанија затоа што одлучи да го преземе Реал Мадрид. Ништо добро не донесе неговиот потег, ниту за репрезентацијата, ниту (до сега) за Реал.

Скандалот која ја потресе репрезентацијата на Шпанија на само два дена пред првиот натпревар кој Црвената фурија го играше на Мундијалот го чинеше државниот тим многу подобар резултат на Светското првенство. Јулен Лопетеги без да ги информира луѓето од Фудбалската сојуз на Шпнија, ја прифати понудата на Реал за на клупата да го замени Зинедин Зидан.

Во Реал не можеа да чекаат, па веста ја објавија пред самиот почеток на Мундијалот, а бесна реакција веднаш стигна од Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Лопетеги експресно доби отказ и замина во Реал Мадрид.

Во девет натпревари од Ла Лига во кои како тренер ги предводеше Реал Мадрид, Лопетеги забележа само четири победи, две ремија и три порази.

Дополнителен проблем е тоа што Реал на последните четири натпревари освоија само еден бод и доживеа три порази и тоа од Леванте, Алавес и Севиља. Од дерби натпреварите Реал до сега има играно само со Севиља и Атлетико Мадрид. Од Севиља беа поразени, а извлекоа само бод од градското дерби.

На тој неславен пат срушиа и негативен рекорд на клубот по време без постигнат гол и работите кои ги загрижуваат навивачите и луѓето во клубот само се надоврзуваат една на друга.

Другата страна на оваа приказна е онаа која кажува дека во денешно време можно да се обложувате на било што. Освен кога тоа не е можно. А во овој случај, во голем број од светските кладилници веќе не е можно да се обложите на тоа дека Лопетеги ќе добие отказ во Реал.

Една од најголемите обложувалници во Европа „Koral“ објави дека од саботата не е можно да се обложите дека Лопетеги наскоро ќе стане поранешен тренер на Реал Мадрид.

Она што во таа обложувалница можете да го направите е тоа да се обложите на тоа кој ќе го замени, а списокот со понудени имиња е интересен.

Најмала квота има Антониот Конте, па следуваат Маурицио Почетино, Арсен Венгер, Гути, Жозе Мурињо и Масимилиано Алегри.

По се изгледа прашањето е дали Реал ќе ја почека репрезентативната пауза или веќе по Ел Класико, доколку резултатот на биде поволен за Реал Мадрид, Лопетеги ќе ги пакува куферите.