Кошарка
Клеј го запали заливот, Вориорс го соборија рекордот во НБА!
Клеј Томпсон е секогаш високо мотивиран против тимот за кој играше неговиот татко. Тој вечерва постигна осум тројки, вкупно 30 поени, Вориорс убедливо го добија вториот меч 127:100 и спречија двоен брејк. Неговиот „брат“ Кари додаде 20 поени, 12 асистенции, домаќинот упати 21 тројка, вкупно 42 во првите два меча од серијата, тоа никој го немаше направено пред нив. Пред седум години со Кавс, во серијата против Атланта, Леброн учествуваше во рекорд, постигнаа 40 тројки, а сега гледаше како неговиот ривал го соборува рекордот.
Леброн заврши со 23 поени, за разлика од првиот меч Голден Стејт го заклучи Ентони Дејвис. ЏаМикал Грин, кој поради болест се појави на местото на Рови Луни, одлично се снајде во рекетот, постигна 15 поени, најмногу во кариерата во плеј-офот. Попознат како Грон, Дрејмонд имаше 11 поени, 11 скока и 9 асистенции.
30 Points
8 Threes@KlayThompson went to work ⚡️ pic.twitter.com/2Oi0yqMIjP— Golden State Warriors (@warriors) May 5, 2023
Серијата се движи кон југ, во Лос Анџелес за викенд, Голден Стејт веќе ја бркаше предноста на ривалот, ја сврте серијата против Сакраменто и победи во седум меча, ќе видиме дали ќе мора да минат уште еден маратон против Лејкерси.