Други спортови
Клептоманка му го растури бракот на Вајлдер
Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер има за што да жали овие денови, откако пред неколку денови не успеа да го победи Британецот Тајсон Фјури и покрај тоа што два пати го нокаутираше. На крај судиите одлучија борбата во Лос Анџелес да заврши без победник.

Инаку, Вајлдер важи за еден од најпознатите спортисти во светот, но исто така и неговата свршеница е славна, но само во САД. Тели Свифт е реалити ѕвезда и често лице на црвениот тепих. Триесет и едногодишната манекенка е родена на Филипини, пораснала во Јапонија, а подоцна со своите родители се преселила во Калифорнија. Започнала да работи како модел од најмала возраст, а мајка и ја пријавувала на разни натпреварувања за убавина. Заедно со манекенството, оваа убавица работела и како сестра во болница за пластична хирургија во елитната населба Беверли Хилс. Сепак, врвот на својата слава го доживеа кога се појавила во познато реалити шоу.
Вајлдер го запознала на аеродром во Лос Анџелес во 2015 година, а две години подоцна објавија дека очекуваат принова. Бебето Каори Ли Вајлдер се роди во февруари годинава. Тели има уште едно дете, момче родено во 2007 година, кое се вика Керон.
Свреницата на Вајлдер е многу интересен лик, а во 2018 година беше на сите насловни страници во американските магазини, откако беше обвинета за кражба во трговски центар. Таа тврдела дека е жртва на разни предрасуди кога неа и нејзината пријателка биле запрени од обезбедувањето во еден трговски центар. Во тоа време била бремена во осмиот месец, но се обидела да украде женска торба и покрај богатството со кое располага.
Сепак, ако Тели имала активно минато, Вајлдер има уште поактивно. Тој претходно беше оженет и по осум години брак се разведе во 2017 година, две години откако ја запознал Тели. Со својата прва сопруга, Вајлдер има четири деца.
Кога на неговата прва ќерка Нае и била дијагностицирана спина бифида (проблеми со р‘бетниот столб), Вајлдер го напуштил училиштето и започнал да работи две работи. После тоа започнал професионално да се занимава со бокс.