Connect with us

Други спортови

Климов испиша историја

Ски – скокачот Евгениј Климов (24) е првиот Русин кој победил на натпреварување од Светскиот куп. Тој за дебитанскиот триумф во кариерата прескокна 127,5 метри во првата и 131,5 метри во втората серија на воведното натпреварување во Висла со кое почна сезоната во скијачки скокови.

Должините на Климов беа најдобри и во двете серии и младиот Русин кој претходно во кариерата се натпреваруваше во нордиска комбинација, сосема заслужено дојде до триумфот најавувајќи сезона со нови имиња во овој спорт. Скокови за втората позиција имаше Германецот Штефан Лаје, а третото место го освои јапонскиот скокач Рјоју Кобајаши.

Светскиот куп продолжува следнот викенд со натпреварувања во финскиот центар Рука.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com