Фудбал
Клоп е единствениот човек на светот кој го разбира симулирањето на Нејмар
Фудбалерите на Ливерпул утре на Енфилд ќе го пречека ПСЖ во рамките на првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Редсите“ минатата сезона изненадиа со пласманот фо финалето, но од Енфилд порачаа дека сега се подготвени за нешто повеќе. Почетокот на новата сезона во лигата на шампионите нема да биде ни малку лесен за англиската екипа затоа што на домашен терен ја пречекува екипата на ПСЖ која е една од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите.
На денешната прес конференција тренерот на домаќинот Јирген Клоп во поголем дел од времето одговараше на новинарските прашања, а во центарот на вниманието беше Нејмар. Англиските новинари ги интересираше што мисли германскиот стратег за симулирањето на Бразилецот кое посебно до израз дојде на Мундијалот. Сигурно е дека ваков одговор не очекувавте.
„Не знам точно за што зборувате. Гледав неколку натпревари од Мундијалот. Неговата реакција е потполно нормална затоа што играчите секогаш одат на него, а од десет прекршоци кои ќе ги претрпи на крајот сите зборуваат за тоа некое симулирање. Го разбирам затоа што сака да се заштити. Ако противникот има жолт картон тој игра паметно и прави се за да добие црвен“, рече Клоп, па продолжи за можната тактика за Бразилецот:
„Ма немаме никаква тактика за Нејмар. Ќе се обидеме да одиме на тоа да добие што помалку топки и тоа е поприлично голема работа за екипата. Знам дека е способен да направи многу нешта, но ќе се потрудиме тоа да не се случи утре“.