Фудбал
Клоп има намера во Ливерпул да направи најдобра одбрана во светот
Според пишувањата на италијанските медиуми Јурген Клоп е сериозен во намерата да ја има најсилната одбрана во светот. Имено, го има Ванд Дајк, а сега со сите сили Ливерпил ќе тргне во дефанзивецот на Наполи, Кулибали.
Порано италијанскиот тим бараше 120 милиони евра за неговите услуги, а останува да се види дали Ливерпул ќе има пари за него, со оглед на финансиските проблеми поради коронакризата.
За Кулибали има интерес уште од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а неговиот договор со Наполи е до 2023-та година.