Фудбал
Клоп: Интер во моментов е најсилниот тим во Италија, ќе биде ова супер пресметка со нив
Ливерпул утре вечер со почеток во 21:00 часот му гостува на Интер во првата осминафинална пресметка помеѓу овие два тима. Тренерот на англискиот тим имаше само пофални зборови за противникот. Вели Интер е најсилниот тим во моментов во Италија со многу добри поединци, а тоа што Барела нема да игра не мора ништо да знали. Ги пофали другите фудбалери меѓу кои Иван Перишиќ и Џеко.
-Ќе играме против најсилниот тим од Италија, топ тим со голема традиција. Сакам да одиграме натпревар на највисоко ниво, а против тим како Интер само со таква игра можеме да дојдеме до резултатот кој го посакуваме“, изјави Клоп.