Connect with us

Фудбал

Клоп ја критикуваше атмосферата на Енфилд: Ако не сте во форма, дајте му го билетот на некој друг! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул изборија пласман во полуфиналето на Лига купот, откако на „Енфилд“ многу убедливо го совладаа тимот на Вест Хем со 5:1 (1:0). Со тоа, Ливерпул стана четвртиот полуфиналист во Лига купот, придружувајќи им се на Челзи, Мидлсброу и Фулам. Викендов Ливерпул на домашен терен игра против Арсенал, тоа ќе биде големо дерби, а Клоп вели дека публиката на „Енфилд“ е повеќе од потребна. Тој дури им порача на навивачите ако не се во форма да навиваат, картата да ја дадат на некој друг кој ќе биде погласен од нив.