Connect with us

Фудбал

Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк, како што добра сопруга го чека својот сопруг кога тој е во затвор

Ливерпул, 19 октомври 2020 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го даде својот прв коментар откако ја потврди непријатната вест за сериозната повреда на Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот има повреда на лигаментите и е пред операција. „Енфилд“ одби да утврди рокови за закрепнување, но многу веројатно е дека Ван Дајк ќе го пропушти остатокот од сезоната.

– Сè уште не е јасно точно кога ќе биде извршена операцијата. Сепак, некои работи се јасни, а една од нив е дека тој ќе отсуствува некое време. Не сакаме да поставуваме временски рамки бидејќи секој играч е различен. Но, тој ќе биде доволно надвор за долго време. Вирџил ќе го надмине ова, 100%. Ако сакате, можеме да кажеме дека денес е првиот ден од неговото закрепнување. Јас и самиот ја имав истата повреда. Тогаш не ти се зборува многу. Но, ние, се разбира, сме во постојан контакт. Ние сме секогаш достапни за него и тој го знае тоа. Ќе го чекаме, како што добра сопруга го чека својот сопруг кога тој е во затвор. Во меѓувреме, ќе сториме се што можеме за да му биде што е можно полесно, прокоментира Клоп.