Connect with us

Фудбал

Клоп на својот радар има претставник на Луксембург

Published

on

Скоро е сигурно дека Вијналдум ќе го напушти „Енфилд“ и ќе ја засили Барселона ова лето.

Холандскиот репрезентативец го отфрли новиот договор на Ливерпул и ова е знак дека Јирген Клоп мора да бара играч за врска.

Клоп го водеше Мајнц на почетокот на својата тренерска кариера, каде што остана во добри односи со управата на клубот. Не е тајна дека Клоп сепак сака да ги следи натпреварите на Мајнц, а според извештаите на некои германски медиуми, можно е да направи „шопинг“ во Мајнц.

Имено, 21-годишниот Леандро Бареиро, репрезентативец на Луксембург, е на радарот на Ливерпул.

Бареиро е играч кој може да се вклопи во системот на Клоп. Млад со многу простор за подобрување, а неговата моментална цена е четири милиони евра според трансфер маркетот, што секако би било прифатливо за „црвените“.

Оваа сезона тој одигра 13 натпревари за Мајнц. Тој дојде во помладите категории на Мајнц во 2017 година, и со одлични игри во селекциите У17 и У19, се избори за статусот во сениорскиот тим, каде стана незаменлив на позицијата централен играч за врска.

Advertisement

Facebook