Поврзи се со нас

Фудбал

Клоп не можеше да го избегне прашањето за репрезентацијата на Германија

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше поврзан со германската репрезентација по слабите резултати.

Германија неодамна беше поразена во Севилја од Шпанија со 6:0 и многумина веќе започнаа да шпекулираат дека Јоаким Лев заминува, а Клоп се споменува како можен наследник.

Сега човекот кој го оживеа Ливерпул и го врати на англискиот и европскиот врв одговори на прашањето дали може да ја преземе позицијата селектор на Германија.

„Мислам дека тоа е прашањето на кое најмногу пати одговарав во животот. Во иднина би можел да бидам селектор на Германија. Сега? Не, немам време, бидејќи имам интензивна работа“, рече Клоп.

Тој тврди дека немал конкретни контакти со челниците на Германската фудбалска асоцијација.

„Не сум сигурен дали некој ме бараше, но ако не знае, имам работа во Ливерпул. Иако времето е лошо, овде ми се допаѓа. Јас сум одговорен за многу работи и нема да барам нова работа“, додаде тој.

loading...

Facebook