Фудбал
Клоп нема да биде уште долго во Ливерпул, кажа кога заминува!
Јурген Клоп во Ливерпул пристигна во 2015-та година. Од тогаш освои шампионска титула, но и Лигата на шампионите. Сепак, како што самиот потврди нема да биде уште долго во овој тим. Неговиот договор истекува во 2024-та, планира да го одработи до крај и потоа да се збогува.
„Планот е да останам до летото 2024 година, а потоа благодарам и пријатно“, јасен беше Клоп, притоа додавајќи:
„Единствено ако имам исто ниво на енергија би продолжил. Ако си одам нема да има врска со квалитетот на екипата. Овој клуб мора да биде подобар особено кога јас нема да бидам тука, работиме на тоа и таков е планот. Не е важно колку ќе останам, туку што ќе направам дотогаш“, изјави Клоп.