Фудбал
Клоп: Никогаш не сум видел ваков натпревар
Ливерпул загуби со 1:0 на гостувањето кај Нотингем Форест во 13. коло од англиската Премиер лига. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Таиво Авонији во 55. минута. Станува збор за поранешен играч на Ливерпул, кој си замина пред една година без официјален настап.
„Можам да го објаснам нашиот настап, но не можам да го објаснам резултатот. Никогаш не сум видел ваков натпревар каде што една екипа има четири или пет чисти шанси. Мораме да ги искористиме. Голот го примивме по нашата голема грешка. Ја загубивме топката и им дадовме слободен удар“, рече менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп за БТ Спорт.
„Им ги дадовме сите шанси што ги имаа. Имавме премногу погрешни додавања во првото полувреме. Не сакавме тоа да се случи, но се случи“, додаде Клоп, жалејќи се на напорниот распоред пред Светското првенство во Катар, кој започнува на 20 ноември.
Остана без Нуњез и Алкантара
„Моравме да направиме доцни промени пред натпревар кој требаше да го добиеме. Неопходно е постојано да ги правиме вистинските потези. Не успеавме во тоа и затоа загубивме“, смета Клоп. Инаку, Ливерпул во последен момент ги загуби Дарвин Нуњез кој имаше проблем со тетивата и Тиаго Алкантара кој отсуствуваше поради инфекција на увото.
„Имавме шест дена, ограничен состав и три многу интензивни натпревари. Прво игравме со Манчестер Сити, потоа игравме во средината на неделата и повторно во сабота. Едноставно е така, не можеме тоа да го промениме, мораме да се бориме“, додаде Клоп.