Connect with us

Фудбал

Клоп засилувањето го пронајде во Бундеслигата

Ливерпул е пред титулата со предност од 25 поени над Ман. Сити, но Јирген Клоп не остава ништо случајно.

Тој веќе ја започна својата потрага по засилувања, и се чини дека засилувањето го најде во Германија.

Станува збор за засилување во дефанзивната линија. Матип има проблем со повреда, додека Дејан Ловрен не е многу сигурна опција, како што докажа многу пати.

Само најдобриот дефанзивец на светот, Вирџил Ван Дајк, е сигурен, а младиот играч на Шалке, Малик Тиав, скоро сигурно ќе заигра на „Енфилд“.

Тиав има само 18 години и има направено еден настап во Бундеслигата, а настапува за младинскиот тим на Шалке.

Се смета за огромен потенцијал, со вредност од девет милиони евра.

Ова сигурно не е проблем за Ливерпул и од двете страни се очекува да преговараат и да постигнат трансфер.