Фудбал
Клоп: Зошто да играме на Нова година кога нема да не даваат на ТВ?
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, традиционално се противи за празничниот распоредот во Премиер лигата.
Имаме многу натпревари, но најтешкото допрва доаѓа. Сакам јавно да прашам зошто никој не игра во средината на неделата во првите 7 дена од јануари? Не е јасно што би се случило ако се поместат термините неколку дена. Треба да играме на 30 декември, а потоа на 1 јануари. Лесно може да се поместат натпреварите на 2 или 3 јануари и не гледам тука проблем, изјави Клоп.
Да, традицијата е да се одигра на Нова година. Но, натпреварот со Барнли нема да биде на ТВ, никој нема да го види, зошто треба да се игра тој ден? Ова е некакво лудило, додаде германскиот стручњак.
Ливерпул на 30 декември 2017 година е домаќин на Лестер, а на 1 јануари 2018 година гостува кај Барнли. Двете средби почнуваат во 16 часот.
Фудбал во најсилната англиска лига ќе се игра и во очи Нова година. Три натпревари се закажани за 31 декември, последниот од нив е со почеток во 17:30 часот меѓу ВБА и Арсенал.