Фудбал
Кога легендата ќе удри по навредените ѕвезди на Јунајтед – метла за десеттмина!
Бурата во Манчестер Јунајтед не стивнува по зборовите на Немања Матиќ, Гери Невил продолжи да го брани актуелниот играчки кадар, но Рој Кин уште посилно удри по ѕвездите од Олд Трафорд.
Кин, поранешниот капитен на Јунајтед, го нападна Маркус Рашфорд, критикувајќи го неговиот став и велејќи дека би се откажал од најмалку половина од тимот на Ерик Тен Хаг. Сепак, тој најпрвин тргна од главната ѕвезда Рашфорд.
– Кога се гледа како пакет, личност, промени во расположението, талент, со недоволен труд, падови, недостаток на самодоверба… Не се труди и се повторува. Време е тој да го направи тоа што треба да го направи – изјави Кин.
Темпераментниот Ирец без двоумење изјави дека на трансфер листата би ги ставил дефанзивците Рафаел Варан, Хари Мегваер, Виктор Линделоф, Диого Далот и Џони Еванс, по позајмицата ќе го врати Софијан Амрабат во Фиорентина и ќе се откаже од Кристијан Ериксен, Антонио, Џејдон Санчо и Антони Марсијал. На мета беше и голманот Андре Онана.
– Тоа е најголемото разочарување. Разделбата со Де Хеа беше добар потег, но беше направена грешка при изборот на неговиот наследник. Онана се мачи – заврши Кин.