Connect with us

Тајмаут

Кога си играч на Барселона, не треба да бараш телефонски број од згодни девојки, тие самите го даваат (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Барселона, Гави го продолжи договорот со Каталонците до 2026-та година. Кариерата ја почна во Ла Лиара, потоа Бетис, а откако го виделе неговиот талент веднаш реагирале од Барселона. Гави прво играл за младинските категории, па за Б тимот на Барса, а еве го сега во средниот ред на најдобриот состав.

И, кога си во првиот тим на Барселона се е полесно. Дури и девојките сами доаѓаат. Тоа му се случи на Гави при потпишувањето на дресовите по повод новиот договор. Имено, згодна девојка му пријде да се фотографира со него, а му остави и ливче. Самиот Гави во прв момент се зачуди. Дел од медиумите тврдат дека на ливчето бил телефонскиот број на девојката, додека останатите велат дека инстаграм профилот. Како и да е, Гави веќе ја заследи на Инстаграм атрактивната девојка.