Connect with us

Фудбал

Кога си Мегвајер и тоа ќе ти се случи, имало дојава за бомба во неговиот дом!

Се чини дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегвајер не е баш омилена личност во градот. Имено, англиските медиуми пишуваат дека тој добил лажна дојава за поставена бомба во неговиот дом. Полицијата го истражува случајот. Со Мегвајер во домот живеат сопругата и двете ќерки. Според извештаите од Англија, во последните 24 часа капитенот на Јунајтед добил голем број на закани за неговиот живот поради лошата форма и убедливиот пораз од Ливерпул пред два дена.