Фудбал
Кои фудбалски клубови имаат најмногу следбеници на Инстаграм
Фудбалските клубови веќе подолго време ја сфаќаат важноста на социјалните мрежи, па во последните години тие вложуваат максимални напори да им се приближат на навивачите со помош на новите технологии, а особено на поновите генерации.
Покрај Фејсбук и Твитер, европските клубови се посветија и на Инстаграм, а бројките од скоро сто милиони следбеници на оваа социјална мрежа потврдуваат колку се популарни во јавноста.
Како што се очекуваше, двата најпопуларни клуба во светот се наоѓаат на самиот врв – шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона . Кралскиот клуб има 97,6 милиони следбеници, или „само“ еден милион повеќе од најлутиот ривал од Каталонија (96,3).


Постои голема празнина помеѓу овие два шпански клуба и другите великани, па така третопласираниот Јувентус има 48,5 милиони следбеници, додека четвртопласираниот Манчестер Јунајтед има 40,3 милиони следбеници.
Најпопуларната петорка ја заокружува ПСЖ со 34,9 милиони следбеници, а потоа разликата помеѓу клубовите станува сè помала.
Ливерпул е на шестото место со 30,6 милиони следбеници, Баерн на седмо 26,4, Челзи на осмо 26,1, Манчестер Сити на деветто 23,5 и на крајот Арсенал на десетто 19,2.