Фудбал
Кои клубови добија покана да креираат европска Премиер лига?
Веста дека големите европски клубови во соработка со Светската фудбалска федерација (ФИФА) тргнале во формирање на Европската премиер лига предизвика огромни реакции во светот на фудбалот.
ФИФА одлучи да го намали влијанието на УЕФА врз светскиот фудбал со поддршка за формирање на Европската премиер лига, а „Скај Спортс“ вчера објави дека новата лига може да започне од 2022 година.
Нејзиното формирање веројатно би значело крај на Лигата на шампионите. Многу великани на европскиот фудбал се подготвени да го играат, а 16 или 18 клуба би учествувале во него.
Се разбира, тоа би била вистинска европска елита. Списокот на потенцијални учесници е навистина импресивен и изгледа вака:
Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Манчестер Сити, Тотенхем се клубови од Англија на кои им беше понудено место, покана добија и Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, исто како и ПСЖ, Јувентус и Баерн.
Засега, овие 12 екипи се во игра да создадат нова лига. Тие се подготвени да ја прифатат понудата, но УЕФА реши да се огласи и јасно изјавија дека се против формирање на ваква лига.
„Претседателот на УЕФА постојано изјавуваше дека е против формирање на Суперлигата. Принципите на солидарност, пласман, испаѓање и отворени лиги се нешто што не може да се преговара. Тоа е она што го прави европскиот фудбал и затоа Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот. УЕФА и клубовите се посветени на тоа да не го уништат создавајќи Супер лига од 10, 12, па дури и 24 клуба, кои во одреден момент би станале здодевни“, се вели во соопштението на УЕФА.
Скај тврди дека веќе се обезбедени шест милијарди долари за новата лига и секако ќе биде интересно да се види дали големите клубови се одвојуваат од УЕФА.