Connect with us

Фудбал

Кои спортисти заработија најмногу во 2021? (ВИДЕО)

Милионски суми се „вртат“ во спортот. Со еден годишен договор, сметката во банка станува огромна. Како и секоја година, така и оваа направена е листа на спортисти кои заработиле најмногу. Во 2021 година прв е Конор МекГрегор со 154 милиони евра. Но мал дел се од спортот. Поголемиот дел од парите, дури 128 милиони му е заработката од брендот ирско виски „Proper No“, во кој Конор има мнозински удел, односно е сопственик.

Втор е Лионел Меси со 111 милиони евра. Од овие пари, 34 се од плати, а останатата сума од реклами. На трето место е Кристијано Роналдо со 102 милиони евра. Доживотен договор со Најк, неговата сопствена линија за облека, хотели, спортски сали и безброј спонзорски договори на неговиот Инстаграм со 500 милиони следбеници. Приходот од играњето фудбал и овде доаѓа во спореден план.

На листата следуваат:

  1. Дак Прескот (рагби, 92 милиони евра)
    5. Леброн Џејмс (кошарка, 82 милиони евра)
    6. Нејмар (фудбал, 81 милиони евра)
    7. Роџер Федерер (тенис, 77 милиони евра)
    8. Луис Хамилтон (Формула 1, 70 милиони евра)
    9. Том Брејди (рагби, 65 милиони евра)
    10. Кевин Дурент (кошарка, 64 милиони евра)